Мистерија: Како aвтомобилoт стигнал на покривот на автобуската постојка

Сподели со своите пријатели

Жителите на францускиот Плуневантер цела недела ги мачи мистеријата на возилото „паркирано“ на настрешницата на автобуската станица. Од понеделник наутро, фотографиите од оваа глетка го обиколија светот, а додека некои се сомневаа дека се работи за „уметнички израз“, други причината ја пронашле во алкохолот.

За бизарната глетка била информирана и градската полиција, која пред да биде отстрането возилото од станицата, се обидела да стигне до сопственикот, но безуспешно, пренесува „Одити централ“.

– Тоа е целосна мистерија. Дознавме кој е сопственикот на возилото, но не знаеме како стигнало таму, а посебно нè интересира зошто – изјавил капетанот Кристоф Лавал.

Корисниците на социјалните мрежи, гледајќи ја фотографијата, веднаш се посомневаа во некаква модерна уметност дизајнирана од локален уметник или дека автомобилот на станицата е дел од маркетинг проект, но полицијата брзо разјаснила дека ниту една од овие теории не е веродостојна.

Помош побарале и на Фејсбук, а по една недела истражување на мистеријата која успеала да ги збуни сите, француските медиуми во понеделникот објавиле дека случајот конечно е решен. Се испостави дека не се работи за алкохол, туку за „трговска расправија“ меѓу сопственикот на комбето и сторителот на овој бизарен чин. Во бес, насилникот наводно го зел автомобилот и го кренал на настрешницата на автобуската постојка.

Двајцата се донесени на сослушување и може да се соочат со обвинение за загрозување на јавната безбедност.