Со години не знаела дека во куќата има милиони: Сакала да ги фрли во ѓубре

Сподели со своите пријатели

Кога пред многу години купила прстен од продажба на автомобил, една пензионерка во 70-тите немала поим дека поради тоа ќе стане милионерка. Таа неодамна го средувала станот и размислувала да фрли во ѓубре парче накит за кое мислела дека е само накит.

Но, соседот ја наговорил да оди на проценка пред да го фрли. И добра работа што таа го направила. Испаднало  дека станува збор за вистински дијамантски прстен вреден дури два милиони фунти, пишува Mirror.

 

 

Марк Лејн од Featonby’s Auctioneers рекол дека жената влегла во нивната продавница со прстен што го чувала заедно во кутија каде имала и венчален прстен и повеќе накит.

– Видовме прилично голем камен, поголем од паричка и помисливме дека е циркон. Беше на моето биро два до три дена додека не го земав уредот за тестирање на дијаманти. Потоа го испративме до нашите партнери во Лондон, по што експерти од Белгија утврдија дека се работи за дијамант од 34 карати – изјави Лејн, додавајќи дека тоа е најголемиот дијамант што го виделе во последните пет години водење на бизнисот.

 

 

Тој исто така рече дека жената сакала да остане анонимна, но дека му рекла дека го купила на продажба на автомобил и никогаш не ни помислила дека станува збор за вистински дијамант.

– Ни кажа дека ја исчистила куќата и дека за малку ќе завршил во ѓубре, но дека соседот и рекол да го однесе на проценка – рече проценителката. Дијамантот сега е на обезбедена локација во Лондон пред да оди на аукција што ќе се одржи на 30 ноември. Аукциската куќа го проценила на 1,6 до 2 милиони фунти.