Сопругата на Алек Болдвин за прв пат се појави во јавноста откако актерот случајно ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс на сетот и го рани режисерот Џоел Соуза.
„Моето срце е со Халина. Нејзиниот сопруг. Нејзиниот син. Со нивното семејство и најблиските. И со мојот Алек. Се вели „без зборови“ затоа што е невозможно да се изрази шок и болка за таква трагична несреќа. Скршено срце. Загуба. Поддршка“, напиша Хилари Болдвин на Инстаграм.
View this post on Instagram
Во коментарите ја поддржаа бројни познати личности.
Во нашите срца ги чуваме Халина, нејзиното семејство, Алек и неговото семејство“, напиша познатата американска новинарка Кејти Курик.
„Испраќам љубов на сите. Сите сте во мојот ум“, рече актерката Мелани Грифит.
„Испраќам љубов“, додаде комичарката Рози Однел.
View this post on Instagram
Хиларија Болдвин наводно го напуштила својот дом во Њујорк веднаш по пукањето, а подоцна биле видени нивните деца како заминуваат – веројатно за да им се придружат на нивните родители на засега непозната локација.
„Канцеларијата на шерифот потврдува дека за време на снимањето на „Рѓа“ биле застрелани две лица. Директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) биле застрелани кога куршумот од реквизитите бил испукан од продуцентот и актер Алек Болдвин (63)“, се вели во соопштението на полицијата.
Холивудските експерти сметаат дека Болдвин направил голема грешка бидејќи го игнорирал златното правило за безбедност при ракување со оружје на сетот.