Холи Хантер (30) од Шкотска, почнала да вреска гласно една вечер, што ги загрижило нејзините соседи, кои повикале полиција. Откако пристигнале полицајците, се покажало дека причината за целата драма е пајак.
Иако и било крајно непријатно во целата ситуација, 30-годишната девојка има корист од доаѓањето на полицијата затоа што го исфрлиле пајакот, откако добро се насмеале, пренесува Метро.
„Поминав 40 минути обидувајќи се да се ослободам од комарец, а потоа се вратев во мојата спална соба и пронајдов огромен пајак на дното од креветот“, рече Холи.
– Тој беше со големина на мојата дланка. Кога тргна кон мене, јас почнав да врескам и да трчам по различни соби – додаде таа и изјави дека мисли дека нејзините соседи мислеле дека е нападната.
Ја повикале полицијата во нејзиниот дом, а екипа од пет полицајци интервенирала. Кога пристигнале, Холи им ја отворила вратата и плачела.
– Извинете, има пајак под мојот кревет и се исплашив, им рече таа, а потоа ја спасија и го извадија пајакот.