Новак Ѓоковиќ на посебна мисија во Њујорк: Борбата за титулата започна

Сподели со своите пријатели

Отвореното првенство на Америка, US Open започна во понеделникот. Новак Ѓоковиќ е поставен за прв носител како најдобар тенисер на светот и со најголеми шанси да го освои турнирот и да ја освои својата 21 Грен слем титула.

Loading...

Со ова не само што ќе ги надмине неговите најголеми конкуренти Роџер Федерер и Рафаел Надал кои исто така имаат 20 Грен слем трофеја, туку и ќе биде најдобар тенисер на сите времиња.

 

 

Имено доколку го освои последниот Грен слем во сезоната, Ѓоковиќ ќе ги комплетира сите 4 Грен слема во сезоната и ќе биде првиот од опен ерата што успеал да го направи тоа.

Последна што успеа да ги освои сите 4 Грен слема во една сезона беше легендарната Штефи Граф во 1988 година, во машка конкуренција последен кој го освои Супер слемот беше Род Лејвер во 1969 година.

Србинот во својот поход кон 21 титула во првата рунда го победи младиот дански тенисер Холгер Руне со 3:1 во сетови, во вториот меч денеска ќе игра со Талон Грикспур од Холандија (121 на АТП).

Loading...

 

М.Ф