Погледнете како изгледа експлозија на ТНГ (гас) во автомобил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вистинско чудо е што никој не е сериозно повреден во несреќата.

Loading...

Снимката покажува сообраќај во еден кинески град. Сообраќајот се одвива нормално, но одеднаш избувнува експлозија пред снимателот. Експлозијата расфрли парчиња од автомобилот како шрапнели низ целата улица, а потоа се појави огнена топка. Во тој момент возачот исто така излегува од автомобилот. Ова веројатно му го спасило животот затоа што следува уште посилна експлозија, проследена со чад во форма на печурка.

 

 

Во оригиналниот опис на видеото се вели дека автомобилот се напојувал со бензин. Тојота Камри се нуди во Кина со 2,0 и 2,4 бензин, така што една теорија оди во насока на непрофесионално направена инсталација на гас. Другите коментари за „Редит“ се дека автомобилот нема инсталација на гас, но превезувал шише пропан во багажникот, кое очигледно протекувало и дошло до експлозија.

Што и да е, оваа снимка јасно покажува дека нема шеги со бензин или гас.

 

Loading...

Leave a Reply