Гризли мечка извадила жена од шатор во село во Монтана, САД, среде ноќ и ја убила пред да пристигнат камперите кои биле на тоа место да се обидат да ја спасат, објавија властите.
Леа Дејвис Локан (65), медицинска сестра од Калифорнија, искусен велосипедист, била со нејзината сестра и пријателка на долго патување со туристички велосипеди.
Застанале во едно село за да ја поминат ноќта во природа, но наскоро се појавила мечка и талкала низ нивните шатори. Верувајќи во моќта на спрејот од кој бегаат животните, тие решиле да останат да спијат на тоа место, но мечката се вратила и ја убила жената.
Надзорните камери снимиле мечка тешка околу 180 килограми, која ноќе барала храна во селото и паднала во кокошарник каде изела неколку кокошки.
Локалните власти користат хеликоптер и ја бараат мечката за да ја убијат и се надеваат дека ќе ја фатат во една од стапиците поставени во близина.
Во последниве години, гризли мечките станаа зголемена закана во Северните карпести планини, бидејќи тие се заштитени со закон, размножувајќи се и ширејќи се на нови области каде што сè повеќе луѓе се желни за авантури.
Се проценува дека околу 1.000 гризли живеат на тоа подрачје и подалеку од север, се до границата со Канада, што е нивна најголема концентрација во САД.
Постојат смртоносни напади врз луѓе, но тие се многу ретки: во последните 20 години, имало само три, вклучувајќи го и последниот, оваа недела, вели американската служба за заштита на природата.