Лора Дарви откри дека буквално изгубила половина од косата пред две години поради грешка на фризерка.
Имено, таа верувала дека фризерката е експерт и дека без никакви потешкотии ќе ја исправи косата хемиски, но погрешила.
Целиот процес се чинел добро се додека фризерката не отишла на пауза за ручек и на тој начин заборавила на хемикалиите на главата на нејзиниот клиент.
„Мојата коса беше толку густа и ја исправував секој ден. Мислев дека со едно хемиско исправување ќе и наштетам на косата помалку од дневното пеглање. Јас навистина не ги истражував ризиците и очекуваното времетраење на третманот “, призна Лора (24).
Своето искуство неодамна го сподели на Тикток во видео кое стана вирален хит.
Несреќата се случила во 2019 година, а парите и биле вратени. И требале две години и околу 9000 евра за перики, додатоци и разни третмани за раст на косата за да ја направат косата малку обновена, па дури и на двете страни од главата.
„Плачев малку, па преболев сè. Постојано ме потсетуваа дека косата ќе ми порасне и дека многу луѓе се соочуваат во многу полоши околности, како што е хемотерапија”, заклучила девојчето додавајќи дека од лутината нема корист.
@laurajarvie3#fyp #wakinupinthemornin #atleastshehadherfishandchips♬ original sound – Amir Yass