Во западна Монтана, САД, гризли мечка нападнала и убила едно лице во локалниот камп во близина на градот Овадо.
Според шерифот на округот Пауел, мечката талкала во областа близу Овадо и се движела околу логорот. Нападот се случил помеѓу 4:00 и 5:00 часот наутро.
„Мечката се појавила пред овој фатален напад, потоа залутала, а потоа повторно се вратила“, рече шерифот Гавин Роулес, пренесува АП.
Ангажиран е тим составен од полицајци и експерти за диви животни за пронаоѓање на мечката, потврдија официјалните лица.
Идентитетот на жртвата засега не е објавен, а деталните околности на нападот се испитуваат.
„Нашата прва грижа е благосостојбата на заедницата и следниот чекор е пронаоѓање на мечката“, соопшти локалната полиција.

