Дали кожата на лицето е мрсна од топлината? Еве го решението! Постојат три маски за лице кои ќе го решат вашиот проблем.
Кога ќе започне летото, дури и оние кои не се склони на прекумерно потење, влегуваат во ситуација кога лицето им се масти.
Трик 1 – Маска од јогурт, краставица и јаглика
Во блендер изматете две лажици јогурт, половина краставица и неколку лисја од јаглика. Мешајте додека не се добие хомогена смеса. Нанесете на лицето и оставете го 15 минути. Исплакнете со млака вода.
Трик 2 – водена пареа
Сварете вода во тенџере и кога ќе зоврие, ставете го лицето доволно близу до пареата, но внимавајте да не се изгорите. Нека лицето биде изложено на пареата неколку минути. Поради топлината на водената пареа, кожата и порите ќе се прошират, така што ќе можете лесно да ја отстраните мрснотијата.
Трик 3 – Маска од желатин и млеко
Истурете лажица млако млеко и лажица желатин во сад. Мешајте додека не добиете кремаста смеса. Нанесете со четка на местата каде што ви е потребно. Оставете го да делува 10 минути, а потоа отстранете, маската ќе биде како гел.