Ивана Младеновска назначена за портпарол на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Ивана Младеновска е новиот портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Младеновска е дипломиран новинар на катедрата по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитеот „Св. Кирил и Методиј“.

Во својата професионална кариера има работено како новинар на интернет порталите „Куманово њуз“ и „Куде“, а во 2014 година беше вработена како новинар на регионалната телевизија „К3“.

Во Секторот за внатрешни работи е вработена од 2019 година, а неодамна назначена и официјално за портпарол.

И самите новинари од градот во повеќе наврати во неформални разговори со претставници на Министерството за внатрешни работи бараа да биде назначен портпарол на Секторот, со оглед дека долги години оваа место беше празно, а соработката со медиумите, што е една од основните задачи на портпаролот, ја вршеа вработени на други позиции.

Никола Ивановски

Leave a Reply