По два абортуси Карен и Деон Дерико станале родители на неверојатен начин. Денес имаат импресивни четиринаесет деца.
Имено, откако Карен го родила синот Даријан пред 16 години, а пет години подоцна и Дерик, таа имала уште четири успешни, но невообичаени бремености.
View this post on Instagram
Таа природно зачнала близнаци, двапати тројки и еднаш петорка.
Најпрво пристигнале близнаците Далас и Денвер, а потоа и петорката Денико, Дариз, Деони, Даикијан и Дајтен, кои денес имаат осум години.
View this post on Instagram
Потоа, Карен ги родила близнаците Диез и Диор и уште еден син Картер, кок за жал починал само неколку часа по раѓањето.
Иако сите нивни деца носат имиња кои започнуваат со буквата „Д“, Картер бил исклучок затоа што неговите родители сакале да му дадат посебно и поинакво име.
View this post on Instagram
На крајот, во 2019 година, Карен и Деон повторно станаа родители, пречекувајќи ги тројките Доусин, Де’Арен и Дајвер.
Причината поради која овој пар од Лас Вегас имал повеќекратна бременост толку пати се крие во хиперактивните јајници на Карен, што предизвикуваат ослободување на повеќе јајца по циклусот.
View this post on Instagram
Иако признаваат дека животот со 14 деца е предизвик, тие истакнуваат дека „имаат доволно љубов кон секого“, пренесува The Sun.