ХОТЕЛ НА СТРАВОТ: Вклучува светла, буди гости, краде играчки – принцезата Каролин е најголем кошмар

Сподели со своите пријатели

Хотелот „Маунт Вашингтон“ во Hу Хемпшир има долга историја на духови и неодоливо наликува на зградата во која е снимен филмот „Сјај“ во 1980 година. Иако Стивен Кинг бил инспириран од хотел во Колорадо, каде работел во својата младост, сличноста е голема и „ ловците на духови “често доаѓале во „Маунт Вашингтон“.

Loading...

Приказната за „Маунт Вашингтон“ започна уште во 1900 година, кога индустријалецот Џозеф Стикни, решил да  ги инвестира во грандиозниот хотел парите што ги заработил во рудниците за јаглен и на изградбата на пругата во Пенсилванија. Хотелот бил завршен во 1902 година и се сметал за еден од најлуксузните во тоа време. Тој нудел прекрасен поглед на планинскиот предел.

Стикни се оженил со убавата Каролин Фостер, ќерка на успешен трговец со месо од Бостон, но тој починал од срцев удар следната година, во 1903 година. Каролин повторно се омажила за еден принц од француската кралска линија и ја стекнала титулата „Принцеза Фосини Лусинж“. Таа продолжила да го води хотелот сè до нејзината смрт во 1936 година.

 

 

Страшно суетна

Каролин била омилена меѓу гостите и вработените, иако имала каприци. Не можела да издржи ако некоја дама е поелегантно облечена од неа. Затоа ја менувала гардеробата неколку пати во текот на денот, а во трпезаријата, во галеријата, имала своја маса за една личност, па оттаму „внимавала“ на припадничките на понежниот пол.

Loading...

Кога не била во Франција, таа имала приватен апартман во ,,Маунт Вашингтон“ – број 314 . Се уште го има истиот врежан, дабов кревет, кој секогаш го носела со себе кога одела на Јужна Франција и го враќала, но повеќе гости кои спиеле во него.  тврдат дека виделе дух на жена во елегантна викторијанска облека или ја нашле како седи на работ на креветот, ја чешла косата и става шноли. Духот имал навика да спие на стапалата со шноли и иглички.

Во апартманот 314, светлата се палат и исклучуваат сами, електричното огниште се вклучува и исклучува кога никој нема, а детските играчки мистериозно исчезнуваат и се појавуваат повторно.

Менаџментот на хотелот не го криел постоењето на духот, па дури и на својата веб-страница ја ставил легендата за принцезата Каролин. На извештаите за оние кои доживуваат неразјаснети инциденти во собата, управата им вели:

– Ви благодариме што ги споделивте искуствата за време на престојот во хотелот. Ние сме многу задоволни што успеавме да ги исполниме вашите очекувања – тие одговараат.

 

 

Искусниот репортер и писател Дино Вурнас, кој престојувал во апартманот 314  се будел во текот на ноќта затоа што просторијата била облеана во нежно, скоро етерично светло.

Loading...

Следниот ден,  тој им раскажал на вработените за ситуацијата, а тие му ја кажале легендата за принцезата, на сето тоа тој само одмавнал со раката. Следната вечер, пред да се раздени, го разбудил звукот на потпетиците на дрвениот под, без да види како некој оди по него. Тој не можел да најде никакво рационално објаснување.

Одбрана од духови

Интересно е што архитектот, Чарлс Елинг Гифорд, при дизајнирањето на хотелот, изградил во него – „одбрана од духови!“ Во секоја од четирите кули, бројот на чекори е различен, бидејќи постоело верување дека ги збунувало духовите и ги спречувало да талкаат околу зградата.

На барање на управата, Дино направил групна фотографија од персоналот пред хотелот, а кога ја проучи сликата, на еден прозорец забележал маглива фигура на жена облечена во долг фустан од викторијанското време. Во тоа време немало никој во хотелот, бидејќи тој бил привремено затворен за гости.

Прозорецот со женска фигура бил веднаш под апартманот 314. Иако бил скептичен кон духовите, фотографот заклучил дека, сепак, тоа е нејзиниот хотел и дека можеби нејзиното присуство не треба да се одрекува!

Leave a Reply