Една жена (85) од Мадрид, чие семејство сметало дека починала од коронавирус, ги изненадила своите најблиски кога се вратила во домот за стари лица девет дена по својот погреб.
Според Ројтерс, настанала конфузија поради која на семејството Бланко му било соопштено дека таа починала од коронавирус, а поради пандемски мерки, тие не можеле да присуствуваат на погребот.
Сè започнало кога Росалија добила позитивен резултат на тестот за корона, па тие ја префрлиле со други заразени жители на домот во друг дом специјализиран за лекување. Конфузијата настанала откако жената што била во просторијата со Розалија починала, а по грешка било забележано дека всушност таа починала.
Нејзиното „враќање од мртвите“ го шокирало и нејзиниот сопруг Рамон, кој живее во истиот дом за стари лица.
“Не можев да верувам. Тагував за смртта на сопругата”, изјави Рамон за локалните медиуми