Во еден од најпознатите градови во светот, Милано, Италија, цигарите се забранети на бројни јавни места.
Пушењето на растојание од 10 метри од другото лице веќе не е дозволено на постојките за автобуси и трамваи, како и во градските паркови и зелени површини, спортски и рекреативни терени, детски игралишта, стадиони и гробишта.
Италија е првата земја во ЕУ што усвои закон за поддршка на забраната за пушење во затворени простории на јавни места уште во 2003 година.
Милано сега е првиот италијански град што воведе ваква сеопфатна забрана под отворено небо, што е дел од пакетот мерки за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени, пишува Би-Би-Си.
Другите планирани регулативи, кои ќе стапат на сила во следните три децении, исто така целат фактори како што се емисиите на автомобили и горивото за греење.
Зошто Милано?
Еден од најгусто населените градови во Италија, Милано се наоѓа на рамнината на долината на реката По, која има највисоко ниво на загадување на воздухот во Западна Европа.
Општинскиот советник Марко Гранели вели дека целта на забраната е двојна, да помогне во намалување на опасните честички во воздухот познати како ПМ10, во моментов далеку над европската граница, и да се заштити здравјето на граѓаните.
Чадот од цигари сочинува 8 проценти од градскиот ПМ10.
– За време на оваа пандемија, видовме дека нашето здравје е кревко, а белите дробови се нападнати од овој вирус – рече тој, додавајќи дека одржувањето на респираторниот систем на луѓето здрав и силен стана приоритет.
Забраната, која не вклучува електронски цигари, ја поздравуваат и пушачите и непушачите.
Милано е еден од градовите кои Ковид-19 најмногу ги уништи.
Каква е состојбата во останатите делови на Европа?
Финската влада сака да ја ослободи земјата од тутун до 2030 година, всушност има намера да ја ограничи потрошувачката на цигари на пет проценти од населението.
Летонскиот закон забранува пушење во училишта, паркови и заеднички простории во станбени блокови, како и кога се присутни деца.
Шведска забрани пушење на игралишта, железнички станици, ресторани и барови.
Во Англија, владата се обврза дека пушењето ќе престане до 2030 година, додека целта на Шкотска е 2024 година.
Од друга страна, веќе има некои забрани во Италија.
Алегро на Сардинија забранува пушење на плажите или на 20 метри од езерото. Фиренца забранува цигари на детските игралишта и наскоро би можела да го следи Милано кога станува збор за паркови и автобуски постојки.
Во моментов е забрането да се пуши додека чекате јавен превоз.