Tинејџер запалил стан, нападнал болна баба која му рекла дека мора да се исели

Сподели со своите пријатели

Тинејџер од Велика Британија се најде на суд откако физички ги нападнал бабата и дедото кои го воспитале. Инцидентот се случил во декември минатата година, кратко откако нивниот внук ненамерно го запалил нивниот стан.

Loading...

Брендон Дуринг (19) се вратил дома ноќта пред нападот со поголема количина алкохол. Затоа што бил пијан, бабата и дедото го замолиле да оди во неговата соба. Околу 2 часа по полноќ ги разбудил и им рекол да се јават во противпожарната служба затоа што ја запалил спалната соба откако заспал со цигара.

 

 

Дедото влетал во собата и започнал да го гаси огнот, а кога стигнале пожарникарите не само што морале да го изгаснат пожарот, туку морале да го спречат и тинејџерот кој физички ја нападнал бабата, а потоа и дедото, затоа што му рекле дека ќе треба да го напушти станот.

Тој испрскал дезодоранс во лицето на неговата баба, која била болна, и му истурил алкохол на неговиот дедо.

Судот му изрече условна казна, а неговите баба и дедо, кои го посвоиле Брендон кога тој имал само две години, реколе дека сакаат да останат во контакт со него, иако повеќе не сакале да живее во нивната куќа.

Loading...

Leave a Reply