Денеска е најдепресивниот ден во годината, еве како да го преживеете полесно

Сподели со своите пријатели

Пред петнаесет години, според психологот Клиф Арнал, третиот понеделник во јануари бил најтажниот и најдепресивниот ден во годината.

Loading...

Фактори кои го прават овој ден најозлогласен кога станува збор за менталното здравје се временските услови, празниот паричник, нискиот бран на постпразнична енергија, но и помирување со фактот дека исполнувањето на новогодишните одлуки, не одат баш по планот.

Значи, иако психолозите веруваат дека дружењето со пријателите и вклучувањето физички активности е „лек“ за надминување на непријатните чувства, овој пат имаме пандемија на корона вирус што дополнително ја зголемува анксиозноста, но исто така нè спречува да го направиме она што е клучно за нашата психа – да се дружиме повеќе во живо со луѓе кои нè сакаат. Бидејќи, социјалната дистанца мора да се почитува…

 

 

Третиот понеделник во годината, се смета за најдепресивен ден наводно поради тоа што тогаш минува еуфоријата од празниците, а летото изгледа далеку. Поимот „тажен понеделник“ го дефинирал Арнал и дури направил формула според која дошол до заклучокот, а која гласи [W + (D-d)] x Tq ÷ [M x Na].

Во оваа формула W претставува временски услови, D е долг, d е месечна заработка, T е време по Божиќ, Q е време по нашите пропаднати обиди нешто да направиме, М е ниско ниво на мотивација, а NA потреба за преземање акција, па заклучил дека третиот понеделник во јануари е најдепресивниот ден во годината.

Loading...

Голди наведува дека „тажниот понеделник“ не постои, и објаснува дека е измислен во 2005 година за да се распродадат туристичките дестинации за лето.

– Од тогаш стана ПР настан чија примарна цел е продажна на услугите, навела таа за USA Today.

 

 

Голди навела дека е од витално значење да се разликува чувството на тага во еден ден од реално ментално заболување. Можете, како што наведува, тој ден да се чувствувате малку полошо, затоа што празниците се завршени, но додава „тажниот понеделник не е најдепресивниот ден во годината“.

– Идејата дека депресијата можете да ја пресметате со помош на некои формули не е добра, додава таа и наведува дека теоријата за овој ден не е целосно исклучен, затоа што менталното здравје е под влијание на околината.

Поради тоа навела и дека постои депресија која се јавува секоја година во иста сезона.

Loading...

Главни фактори за ризик од ментално заболување (сиромаштија, трауми, осаменост, постојан стрес и физичко здравје) не се ограничени на месец дена, а не на еден ден. Можеме да расправаме за сезонски варијации, имајќи предвид дека некои луѓе кои живеат со проблеми кои се ментални, можат некој ден да се чуствуваат полошо, особено во зима. Меѓутоа, луѓето кој го имаат овој проблем со него се борат секојдневно, заклучила таа.

 

 

Како да си помогнете

Ако се разбудивте утрово безволни, депресивни, нерасположени и разочарани, и немате посебна причина за тоа, еве како можете да си помогнете да го надминете феноменот „најдепресивен ден во годината“ што е можно полесно:

1. Отворете ги широко прозорците и проветрете ја просторијата. Свеж воздух го подобрува расположението.

2. Пуштете музика, бидејќи има моќ да ве оддалечи од лошо расположение.

Loading...

3. Поканете луѓе што ги сакате, а кои не сте ги чуле одамна – тоа ќе ви ја врати насмевката на лицето.

 

 

4. Ревидирајте го списокот на новогодишните цели – проучете што е навистина важно да промените во животот и што може да чека подобри времиња. Потоа направете го првиот чекор кон постигнување на најважната цел од списокот и ветете си дека ќе го правите истото секој ден. Без откажување!

5. Играјте со вашето домашно милениче.

Loading...

6. Излезете и прошетајте. Да, надвор е ладно, но одењето по снегот има своја привлечност.

7. Почастете се со вашата омилена храна. Една порција нема да биде премногу напад врз вашата фигура.

8. Искапете се во релаксирачка бања. Водата е исто толку корисна за психата, како и добрата музика.

9. Гледајте комедија или прочитајте добра книга. Насмевнете се и хранете ја душата. Ставете ги проблемите настрана – и онака нема да избегаат никаде …

Leave a Reply