Одлично заработува, не работи ништо, а има илјадници клиенти

Сподели со своите пријатели

Шоџи Моримото извесно време работел во издаваштво, но сега заработува пари така што други луѓе го ангажираат да им прават друштво и да поминува време со нив.

Loading...

Јапонецот кој заработува за живот од ангажирање од луѓе за да не прави ништо, има над три илјади клиенти и еден куп пријатели на социјалните мрежи.

За сума од нешто помалку од сто евра, 37-годишниот Моримото ќе „јаде, пие и ќе дава едноставни одговори“ на сметка на клиентот.

Шоџи Моримото е оженет и е магистер по физика, а своите услуги ги понуди за прв пат на својот Твитер профил во 2018 година.

„Можете да ме вработите да не правам ништо. Ако ви е тешко да одите на шопинг самостојно? Дали ви недостасува еден играч во тимот? Дали ви треба некој да чува место за вас? Јас не правам ништо друго освен лесни работни места“, беше наведено во тоа време во огласот.

Тој првично ги нудеше своите услуги бесплатно, но со текот на времето започна да наплатува за да го намали бројот на барања и да ги обесхрабри оние кои само го губат неговото време.

Тој има три до четири клиенти на ден, а откако започнал со својот необичен бизнис, тој имал скоро три илјади, пренесува Индипендент.

 

Loading...

Луѓето го вработуваат од разни причини, но повеќето само затоа што им е досадно или се осамени и едноставно им треба некој што ќе ги слуша.

Го ангажираат да прави друштво за ручек, да фотографира за Инстаграм, да прави друштво со некој што започнал да поднесува барање за развод, да фаќа пеперутки во паркот и да ги слуша сите проблеми што ги имале на работа во текот на денот.

Еден човек го ангажирал да го опише убиството што го извршил, а друг го изнајмил Моримото да го изнесе од болницата и да го однесе на местото каде што се обидел да се самоубие.

Во едно интервју што го дал за списанието „Мајничи“, Моримото наведува дека тој не е ниту пријател ниту познаник на неговите клиенти.

„Не ме оптеретуваат оние иритирачки детали што ги придружуваат пријателските односи, но можам да им го олеснам на луѓето ако се чувствуваат осамено.

„Лично, не сакам да ме тешат. Ме нервира кога луѓето ќе ми кажат да бидам трпелив или да истрајам. Мислам дека кога некој ќе се обиде да стори нешто, ако сакаш да му олесниш, доволно е да си со него “, додава Моримото.

За помалку од три години, Моримото објави и книга за неговата сегашна професија, беше предмет на телевизиско шоу и доби повеќе од 270.000 следбеници на Твитер.

Loading...

Еден од неговите клиенти објави: „Мило ми е што можев да одам со некого на безбедно растојание, со кого не морав да разговарам, но можев“.

Додека другиот пишува: „Не сакав да ја посетам болницата, но сепак заминав затоа што тој ми правеше друштво“.

Leave a Reply