Руските убијци кои извршуваат нарачани ликвидации се повеќе добиваат надомест на крипто валута, имајќи предвид дека релативната анонимност дадена од дигитални пари и електронски паричници им олеснува да се извлечат од своите злосторства.
Шефот на руското одделение за борба против компјутерскиот криминал, за руската новинска агенција ТАСС изјави дека се соочуваат со големи предизвици во идентификувањето кој плаќа, а кој ја добива криптовалутата, пренесува Раша тудеј.
„Истражуваме професионални убијци кои се ИТ експерти и кои се чувствуваат многу безбедни во сајбер-средината, внимателно планираат злосторства и користат цел арсенал на методи за да ја зачуваат својата анонимност и да останат неказнети“, вели Комарда.
Плаќањата обично се вршат преку повеќе од 15 до 20 различни електронски паричници и се мешаат со десетици илјади други операции, додава Комарда.
„Општо земено, од 2013 година, стапката на криминал во областа на информатичката технологија е зголемена повеќе од 20 пати и продолжува да расте. Денес, секое седмо злосторство во Русија беше извршено со помош на информатичката технологија или во сајбер просторот, открива криминологот.“
Криптовалутата е официјално легална во Русија од 1 јануари.
Во јули, законот потпишан од претседателот Владимир Путин ги отстрани крипто-валутите од нерегулираната „сива зона“ и тие сега мора да се сметаат како средства, заедно со другите приходи.
Бидејќи оваа валута ќе продолжи да се забранува како средство за плаќање, никој нема да може да ги троши своите биткоини во продавница.
Тие се третираат како заштеди или инвестиции и не можат да се користат за плаќање на стоки и услуги во Русија.