Рекордни над 3.700 починати и над 250 илјади заразени од Ковид-19 во САД

Сподели со своите пријатели

Во САД во изминатото деноноќие се регистрирани рекордни над 3.700 смртни случаи од Ковид-19 и исто така рекордни 250.000 случаи на инфекција со новиот коронавирус.

Loading...

Според Министерството за здравство на САД, околу 113.000 лица во моментов се хоспитализирани поради коронавирусот, и вкупно 3.784 смртни случаи, додека бројот на починати од тој вирус го надминува прагот од 3.000 по третпат за една недела

Здравствените експерти ја обвинуваат големата семејна прослава на Денот на благодарноста пред три недели кога милиони Американци отпатуваа да им се придружат на своите најблиски за порастот на заразените и смртните случаи. Експертите стравуваат дека ситуацијата дополнително ќе се влоши за време на претстојните празници.

Огромна кампања за вакцинација започната во понеделникот во САД нема да предизвика веднаш да се запре вирусот, бидејќи ќе поминат месеци пред да се имунизира доволно голема популација, предупредуваат експертите.

Златко Шумковски

Leave a Reply