Ерменскиот обединет Инфоцентар објави дека Азербајџан денеска ги гранатирал јужните гранични премини на Ерменија со Иран.
Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека поради најновото кршење на договорот за прекин на огнот се принудени да се одмаздат на азербејџанските воени сили.
Додека азербејџанското Министерство за одбрана тврди дека ерменските сили го прекршиле прекинот на огнот, а во борбите загинал полковник на ерменската армија.
Борбите продолжија во три градови, а нападите на ерменската армија се одбиени и непоријателот се повлече назад и претрпе човечки загуби, се посочува во соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана.
Хуманитарното примирје што вчера стапи во сила истиот ден беше прогласено за неуспешно и продолжија борбите и меѓусебните обвинувања за кршење на договорот.
Судирите во Нагорно-Карабах почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили. Тоа беше трето примирје во Нагорно-Карабах од 27 септември кога почнаа судирите. Првите две беа постигнати на 10 и на 17 октомври со посредство на Русија. Судирите во Нагорно-Карабах почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили. Тоа е трето примирје во Нагорно-Карабах од 27 септември кога почнаа судирите. Првите две беа постигнати на 10 и на 17 октомври со посредство на Русија. Вчерашното примирје уследи по состанокот на американскиот државен секретар Мајк Помпео и министрите за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан.
Марина Илиевска