Американски научници успешно го уништија првото гнездо на гигантски азиски стршлени откриени во американската држава Вашингтон благодарение на уредот за следење поставен на некои примероци, па затоа го усисале од дрвото со помош на вакуумско црево.
Станува збор за опасен инвазивен вид инсекти, најголемиот вид стршлени во светот, со дијаметар на крилото од 7,6 см, пишува Би-Би-Си.
Решете се од инсектите во домот со помош на овие намирници
Само неколку од овие опасни инсекти можат да уништат пчеларник за неколку часа и да убијат стотици пчели пред да го заземат нивното живеалиште.
Нивното тело е долго 5 см, а освен што уништуваат медоносни пчели, тие се опасни и за луѓето кои ги напаѓаат во одбрана. Повеќе убоди можат да бидат фатални дури и за луѓе кои не се алергични.
Нивниот отровен убод може да навлезе и во заштитната облека, но на глобално ниво бројот на луѓе што ги убиваат секоја година е релативно низок.
Според музејот Вашингтон Смитсонијан, секоја година во Азија убиваат меѓу 30 и 50 лица.
Дали инсектите се храна на иднината?
Нивното природно живеалиште е во областа на Азија, од Кина до Јапонија.
Стршлените убијци за прв пат биле забележани во Канада во август 2019 година, а неколку месеци подоцна, во декември 2019 година, овие инсекти се појавија и во американската држава Вашингтон.
Ентомолозите, научници кои проучуваат инсекти, пронашле гнездо со околу 200 опасни инсекти во град во близина на границата со Канада.
Во саботата, тим ентомолози во заштитни одела, со помош на специјален апарат, успеа да го усиса гнездото на инсектот од дрвото, кое потоа било уништено за да спречи создавање на нови гнезда.
Активистите за животна средина и научниците веќе долго време се загрижени за падот на бројот на инсекти во светот.
Доколку исчезнат овие три инсекти, светот каков што го знаеме нема да постои!
Меѓутоа, во овој случај станува збор за исклучително инвазивен и опасен вид што може да има негативно влијание врз животната средина, економијата и јавното здравје, предупредуваат експертите.
Познато е дека на медоносните пчели им се заканува истребување како резултат на загуба на храна поради уништување на нивното природно живеалиште, прекумерна употреба на пестициди и разни болести.
Дополнителна опасност за нив претставува џиновскиот азиски стршлен, кој кога ќе навлезе во нивната колонија со остри вилици, ќе им ги отсече главите на пчелите, а со своите тела ќе ги нахрани своите потомци и ќе успее да ја уништи целата колонија за неколку часа.