ОСМО СВЕТСКО ЧУДО: Глечер во Патагонија кој константно расте! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Од жештините на танцување во земјата на танго, до ледените глечери – сето тоа е на патување што не треба да се пропушти.

Затоа не е изненадувачки што многумина ја нарекуваат културата и геологијата на Патагонија драматична и препорачуваат да ја видите во живо.

Мистериозно откритие кај Антарктик предизвика жешка расправа: Тоа не е обичен глечер! (ВИДЕО)

 

https://www.instagram.com/p/CFRv-KdhzCi/?utm_source=ig_embed

 

Планини покриени со снег, зелени водопади што паѓаат над црните карпи создадени од ерупција на лава, чисти езера, вулкани, шуми и глечери… ова е само дел од љубопитноста на Патагонија, полна со скриени убавини.

Топењето на глечерот откри тајна криена со векови под мразот (ВИДЕО)

Една од најубавите сцени е глечерот наречен Перито Морено.

Неверојатната количина мраз опкружена со бесконечна шума привлекува голем број туристи – сите се желни да го видат ова „осмо чудо на светот“, и еден од најголемите извори на вода за пиење во светот.

 

https://www.instagram.com/p/CF69cbOHwrM/?utm_source=ig_embed

 

Гигантски блокови од сино-бел мраз се издигаат на езерото Аргентино на секои две до четири години, предизвикувајќи силен тресок и неверојатни бранови. Оваа незаборавна сцена ја гледаат оние кои имаат најголема среќа, а претставата започнува во март.

ГЛЕЧЕРИТЕ ИСЧЕЗНУВААТ: Климатските промени ги менуваат Алпите

Друга работа што е невообичаена во врска со ова – Перито Морено е единствениот глечер кој расте, и не се намалува како другите, но научниците сè уште не знаат зошто е тоа така.

 

https://www.instagram.com/p/CF6_KZEgdyX/?utm_source=ig_embed

 

Некои мистерии е подобро да не бидат откриени…

 

Leave a Reply