Саудиска Арабија го отвори првото кафуле за домашни миленици

Сподели со своите пријатели

Сопствениците на кучиња во Саудиска Арабија сега можат да уживаат во шолја кафе во друштво на своето куче, бидејќи е отворено првото кафуле каде е можно да го донесете вашето домашно милениче.

Loading...

Кафулето „Баркинг Лот“, кое беше отворено во јуни во крајбрежниот град Хобар, ги израдува љубителите на животните бидејќи има малку места каде што е можно да се водат кучињата.

Кученцата генерално се забранети на јавни места, а исламската вера ги смета за „нечисти“, за разлика од мачките.

Науката потврди: Оние кои се грижат за милениците се подобри луѓе

Саудиската верска полиција забранува прошетка на кучиња, тврдејќи дека мажите го користат тоа за да контактираат со жени, но тоа не се почитува и надвор има се повеќе миленичиња.

Засолништа за животни се појавија во неколку градови, а прифаќањето на скитници стана популарно во кралството, кое се модернизира како дел од планот „Визија 2030“ на престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Сопственичката на кафулето Далал Ахмед изјави дека дошла до идеја да отвори ваков ресторан за време на посетата на Саудиска Арабија.

„Дојдов во Саудиска Арабија со моето куче, но не можев да одам со него на плажа… Бев многу тажна и решив да помогнам со отворање кафуле за луѓе кои имаат кучиња, но исто така и за оние кои немаат“, рече таа за агенцијата Франс Прес.

Loading...

Овие миленици совршено ги копираат своите сопственици, а тоа изгледа пресмешно (ВИДЕО)

Момчињата и девојчињата носат во кафулето разни видови кучиња кои или играат или седат во скутот на нивните сопственици, а некои од нив трпеливо чекаат во барот.

Кафулето нуди и услуги за нега на кучиња, како што се капење на миленичињата.

Leave a Reply