Во Италија, во понеделникот вечерта падна снег на планинскиот премин Стелвио.
Стелвио се наоѓа на северот на Италија, на границата со Швајцарија на надморска височина од околу 2.757 метри.
Поради висината на снежните наноси, била ангажирана потешка механизација за чистење на патиштата и извлекување на возилата што биле заглавени во ненадејните наноси.
20 centimeter of fresh snow this morning on Stelvio. pic.twitter.com/N9JPmH0Zdx
— La Flamme Rouge (@laflammerouge16) August 4, 2020
Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат снег и снежна покривка на клупите и столчињата во ова зимско одморалиште.
Не помалку снег падна и на швајцарскиот врв на Вајфшјох, а температурите се под нулата.
Овој планински врв, висок 2.693 метри, познат е и по неколку лаборатории на Институтот за истражување на снег и лавина.
На социјалните мрежи, се гледа снег со околу 20 сантиметри врз зградите.