Дијамантот во сите бои повторно на аукција

Сподели со своите пријатели

За време на пандемијата на коронавирус, аукциската куќа „Сотби“ немаше никакви проблеми со продажбата што се одвиваше непречено преку интернет.

Loading...

Сепак, тие со нетрпение чекаат враќање на аукциите во живо кои имаат посебен шарм, а подготвија и специјални изненадувања за љубителите на накит.

Мајмун кој обожава дијаманти и чевли, пали цигари и пуши како човек (ВИДЕО)

Ретки дијаманти и накит ќе бараат нови сопственици на полугодишната продажба на аукцијата на „Сотби“ во Женева во текот на неделата, затоа што по суспензијата поради пандемијата на коронавирус, продолжуваат аукциите во живо.

„Аукцијата во живо го има својот шарм, апсолутно. Знаете, драма, возбуда. Но, продажбите преку интернет ќе продолжат да постојат, нема сомнение за тоа”, вели Дејвид Бенет, претставник на колекцијата на накит Сотби.

Нивниот ривал, аукциската куќа „Кристи“, ја закажа продажбата на накит за 22 јули.

Ова е најскапата венчаница во светот, направена од стотици дијаманти (ВИДЕО)

Во „Сотби“ се добро подготвени за претстојната аукција, а нараквица на Картие со геометриски форми и лисја дизајнирани во 1930-тите ќе бидe понудени на продажба.

Loading...

„Тоа е навистина убав примерок. Клиентите, се разбира, сега прават колекции, но ова сепак е примерок од најдобриот период на производство на Картие”, забележува Бенет.

Но, главната привлечност на оваа аукција е многу ретка, необработен 100-каратен сафир во форма на перница, кој потекнува од Шри Ланка. За ѓерданот изработен од смарагди и дијаманти, кои ѝ припаѓале на Војвотката на Манчестер, Сотби очекува дека ќе бидат понудени 300 до 390 илјади швајцарски франци.

Во Сибир пронајден неверојатен дијамант стар 800 милиони години (ВИДЕО)

Прекрасно обработениот син дијамант од 3,01 карати, многу добро оценет, е вреден од 4,2 до 6,3 милиони франци. Необичниот розов дијамант од седум карати се проценува на 2,4 до 3,4 милиони франци.

„Розовата е најпопуларна од сите бои. Можеби тие не се најценети скапоцени камења, но тие се најпопуларни, затоа што сите сакаат розови дијаманти”, забележува Бенет.

 

Leave a Reply