Германецот, кој живеел во транзитниот дел на меѓународниот аеродром во Њу Делхи скоро два месеци, конечно се качи на летот за Европа во вторникот.
Во случајот кој потсетува на филмот „Терминал“ во кој глуми Том Хенкс, Германецот (41) бил во транзит, но се заглавил во Њу Делхи кога Индија ги прекина летовите поради пандемија на коронавирусот.
Аеродроми кои во 2100 повеќе нема да постојат
Мажот го напуштил Ханој на 17 март, па го пропуштил летот за Истанбул. Индија ги прекина летовите, како дел од мерките за ограничување заради „Ковид-19“ во наредните денови, објасни полицискиот службеник КК Јадав.
Германецот, чија приказна беше објавена во медиумите во понеделникот, успеа да лета за Амстердам рано во вторникот наутро.
„Тој резервираше лет на КЛМ за Амстердам. Ние немаме идеја која е неговата крајна дестинација“, рече портпаролот на аеродромот, Тушар Макар.
Најголема затворена градина во Азија: Може ли аеродромот да стане атракција? (ФОТО)
Полициските службеници во индискиот аеродром изјавиле дека човекот им кажал дека постои можност тој да добие кривична пријава во својата земја и оти затоа одбил да патува. Индија не му издала виза, бидејќи рекол дека има казнена пријава.
Човекот поминал 50 дена сурфајќи на интернет, разговарал со пријателите и семејството на својот мобилен, талкал во терминалот и комуницирал со персоналот за безбедност и поддршка на аеродромите.
„Му обезбедивме храна, вода, облека, паста за заби и други потреби. Тој спиеше на дополнителни кревети, на клупи, а понекогаш и на подот“, рече Јадав.
СТРАВИЧНА ГЛЕТКА НА АЕРОДРОМ: Авион полн со патници започна да гори (ВИДЕО)
Филмот „Терминал“, во режија на Стивен Спилберг во 2004 година, е заснован на вистинската приказна за човек роден во Иран кој со години живеел на терминалите на аеродромот „Шарл де Гол“ во близина на Париз.