Уште во 1991 година, две јапонски компании – Сони или Нинтендо – соработуваа и таа соработка резултираше со 200 копии од прототипот на конзола за игри што никогаш не стигнале до продавница.
Бидејќи ова партнерство не траеше, беше изгубена секоја трага на конзолите. До неодамна…
Ова се 20те технолошки трендови за 2020 година
Прототип на конзолата за Nintendo PlayStation (Super NES) на врвот има „влез“ за кертриџи, додека на предната страна има CD-ROM кој може да чита дискови за игри, како и музички ЦД-а.
Ова му овозможува на играчот да ја слуша својата омилена музика додека ги игра своите омилени игри.
Една од овие ретки конзоли беше продадена на аукција за неверојатни 360.000 долари!
Правосмукалка, телефон, фрижидер, како изгледале кога за прв пат се појавиле? (ФОТО)
Со оваа набавка колекционерот Грег Меклемор ја збогати својата колекција од вкупно 800 аркадни машини играчки и конзоли, благодарение на што тој планира да отвори музеј на вакви уреди.