Недалеку од границата помеѓу Канада и Алјаска е Китсолт – град на духови.
Основан е од рударите во 1979 година, а наскоро бил преплавен од доселениците, но потоа сите го напуштиле. Денес тоа е најчистиот напуштен град во светот.
Рјукан: Град кој потроши милиони за малку сончева светлина
Градот е создаден веднаш до рудникот за молибден и кога рударите мислеле дека нашле среќа во таа планинска убавина, почнала да паѓа цената на молибден, па сите жители, околу 1.200 од нив, го напуштиле градот.
И биле изградени стотина семејни домови. Не само тоа, туку и модерна болница, трговски центар, ресторани, банки, пошта, паб, базен, библиотека и два центри за рекреација со сауни и театар.
Таа е градоначалничка, угостител и единствен жител на Монова, вели дека не е осамена (ВИДЕО)
Кабловска телевизија и телефонски линии биле поставени под земја. Градот имал најнапредна постројка за отпадни води и најчиста вода во покраината.
Од економски причини, рудникот е затворен и последното семејство го напуштило градот во 1982 година, бидејќи експлоатацијата на руда од молибден повеќе не била профитабилна.
Поради економската криза, Китсолт станува град на духови, напуштен, но не и запоставен: уличните светилки продолжуваат да работат, тревниците се уредуваат и се коси тревата.
Необично италијанско гратче зад чии балкони се крие уметноста
Денес, градот му припаѓа на американскиот претприемач Кришнан Садантиран, кој го купи во 2005 година за 7 милиони долари.
Тој инвестираше повеќе од 25 милиони американски долари за одржување на градот, каде планира да експлоатира природен гас.
Поточно, тој сака да го претвори Китсолт во центарот на индустријата за природен гас на Британска Колумбија.