Тотоабу, голема риба која живее во Калифорнискиот залив, се нарекува „морски кокаин“ поради огромната цена што за нејзиниот меур се подготвена да ја платат Кинезите на црниот пазар.
Поскап од златото, рибниот специјалитетот е особено ценет во кинеската медицина и се смета дека лечи артритис.
Норвешки рибари пронашле руски „воен“ кит? (ВИДЕО)
Темната страна на риболовот на тотоабу е исчезнување на друг вид, со кој дели живеалиште.
Вакита, ајкулата од Калифорнија, најмалата во светот, страда токму поради тотоабу.
Рибарите фаќаат тотоаби со употреба на нелегални мрежи, и бидејќи морските свињи и тотоабите се со иста големина, страдаат и тие.
РУСКИ РИБАРИ ВО НЕВЕРУВАЊЕ: Уловиле чудовише од над 1.000 килограми (видео)
Пред неколку години, Светскиот фонд за животински свет ја предупреди мексиканската влада да забрани риболов во нејзините морски живеалишта во Калифорнискиот Залив, но тоа не се случи.
Денес има помалку од десет и тие би можеле да исчезнат целосно во следната година.
ШОК НА БАЛТИКОТ: Рибарите уловија риба која напаѓа човечки тестиси (видео)
Морската свиња е слатко суштество, долго околу четири и пол метри. Поради нивните специфични очи кои наликуваат на кравјите, Шпанците ги нарекуваат морски крави.
Активистите предупредуваат дека коренот на проблемот лежи во алчните картели, сиромашните рибари и корумпираните службеници поради што овој вид на морско животно нема шанси за преживување.