ШОК НА БАЛТИКОТ: Рибарите уловија риба која напаѓа човечки тестиси (видео)

Сподели со своите пријатели

Нордиските рибари од локалниот канал извлекле три килограми тешка риба убиец. Реткиот улов се случил во градот Норкопинг, во кој се наоѓа Мотала Стрим, речен систем долг 100 километри кој го одводнува езерото Ватерн во Балтичкото море.

Џонатан Розалес често оди на риболов со пријателите. Досега никогаш не уловиле нешто слично. Овој пат тој и неговите пријатели имале повеќе стапови во водата, кога во неа виделе сенка која се движи. Одеднаш мамката исчезнала.

„Сите моравме да влеземе за да ја извлечеме. Меѓутоа, се смири кога го извадивме од водата“ – раскажува Розалес.

Loading...

Тогаш виделе три килограми тешко чудовиште, необично грдо и со остри заби. Со оглед дека рибата не ги потсетувала на ништо што претходно виделе, ја фотографирале и добронамерно, ја пуштиле назад во водата и најверојатно потоа зажалиле.

„Ние сме спортски рибари, па ја вративме“ – рекол Џонатан Розалес.

По објавувањето на фотографиите на рибарскиот форум, дознале дека тоа не е ништо друго, туку паку, близок сродник на пираните со потекло од Јужна Америка. Експертите сметаат дека тоа суштество може да предизвика сериозни проблеми.

За жал аквариумската риба често се ослободува и така доаѓа во природни вода, пораид што постои ризик да се наруши природната рамнотежа. Поради тоа постои дополнителен ризик од ширење нови рибни болести.

Паку е слатководна риба која за разлика од нејзиниот роднина пираната, обично се храни со болки, но може да достигне должина до еден метар и тежина од 40 килограми. Познато е дека е многу инвазивна и дека бргу се размножува во поволни услови.

На Папупа Нова Гвинеја, каде се одгледува за храна, има репутација на риба која сака да напаѓа човечки тестиси, па затоа го има и прекарот „топче“.