Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска на прес конференција даде отчет за сработеното во двегодишниот период од мандатот.
Во продолжение сите проекти со кои Димитриевски денеска на прес конференција го означи двегодишниот мандат на градоначалничката функција.
ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ – УЛИЦИ
Асфалтирани улици:
- „Димитар Влахов”,
- „4-ти Јули”,
- „Киро Антевски”,
- „Тоде Мендол”,
- „Драги Шутевски”,
- „Моша Пијаде”,
- „Борко Танев”,
- крак 2 на „Ѓорче Петров” во нас.Перо Чичо,
- крак на „Боро Соколов”,
- втора фаза од „Пелинска”,
- „Иго Тричковиќ”,
- „Железничка-Индустриска”,
- дел од пешачка патека на булевар „Октомвриска револуција”,
- улици во с.Романовце,
- локален пат во Агино Село,
- пат во с.Вуиновиќ,
- патна инфраструктура во с.Умин Дол,
- дел од трасата Куманово-Железничка станица.
Вкупно 51 550 м2.(над 13 км.локални патишта во рурални и урбани средини)
Тампонирање на улици:
- ул. „АВНОЈ”,
- улица „Железничка”,
- ул.„421” во Иго Тричковиќ,
- ул.„210” во населба Карпош,
- ул.„Ѓуро Пуцар Стари”,
- ул.„Ѓорче Петров”, крак 1,
- улици во Гладно поле,
- нов слој на ул. „Веселин Вујовиќ”,
- крак кон поранешна печатница „Форум”,
- улици во селата: Режановце, Лопате, Скачковце и Љубодраг,
- пат од фабриката „Циглана” до надвозникот на автопатот,
- пат во с.Речица, с.Тромеѓа-с.Зебрњак,
- патишта во селата: Клечовце-с.Јачинце, с.Тромеѓа-Амбар маало, с.Кучкарево, с.Кшање до Казнено-поправната институција Кшање, с.Кокошиње,
- рурални патишта во с. Градиште, с.Пезово, и с.Орашац
Вкупна тампонирана површина 27 674 м2.(10км)
Поставен е бекатон на:
- улица „Осогово”,
- „Црнотравска”,
- „Тонко Димков”,
- „Стојан Ангеловски”,
- Улица „Стојан Сликар”,
- „Ужичка”,
- „Тоде Мендол“
- „Тоде Думба“
- „Благој Илиев Гуне”,
- крак од улиците „Бајрам Шабани”и „6-ти Април”,
- плато пред НУ Центар за култура „Т.Прокопиев”.
Вкупна бекатонирана површина 9 502 м2.(3км)
Изградба на:
- улица зад фабриката „Чик”,
- на улица „Ѓорче Петров” крак 1 во населба Перо Чичо.
- пробиен е патот до селата Бељаковце, Живиње и Зубовце.
- Започна изградба на пристапната инфраструктура во новата индустриска зона Новини с. Речица, со поддршка на Владата на Р.С.Македонија, каде е извршена изградба на дел од улици и дел од атмносферска канализација со 1 210 м.
- Изградба на пат од с.Четирце до с.Никуљане, финансиран од Програмата на Агенцијата за финансиска помош во земјоделството и рурален развој на Р.Македонија. (3,3км)
Обновени се тротоарите на улиците:
- „Тоде Мендол”,
- „Драган Стопаревиќ”,
- „Тонко Димков”,
- „Србо Томовиќ”,
- „Страшко Арсов”,
- „4-ти Јули”,
- „Тоде Думба”,
- „Железничка”.
- Пробивање и расчистување на тротоар на ул. „Моша Пијаде” и спојување со булевар „Октомвриска револуција” и изградба на паркинг простор
- уредување на тротоарите на ул. „Пелинска” и крак на улица
- изградба на тротоари од Градски гробишта до населба Бабин Дол и во населба Бедиње,
- реконструкција на тротоари на ул.„Вук Караџиќ”.
Вкупна површина на изградени и обновени тротоари 9 632 м2.
Поставена е водоводна мрежа на:
- ул.„Борко Танев”,
- прва фаза од проектот за водоснабдување на с.Пчиња-испитување на издашност на извори и квалитет на водата,
- инсталирана нова пумпа за водоснабдување во с.Романовце,
- замена на старата азбестна водоводна мрежа на улиците:
- „4-ти Јули”, „Страшко Арсов” и „Србо Томовиќ”,
- дислокација на мрежата во ЈОУ Детската градинка „Ангел Шајче”, објект Синоличка.
- Во тек е реконструкција на водоводна мрежа на улиците Михајло Пупин и Миодраг Петровиќ
Водоводна мрежа 1 323 м.
Изградба на атмосферска канализација:
- на ул.„Страшко Арсов”,
- „4-ти Јули”,
- поврзување на канализацијата на „ЈНА” преку „11 Октомври” со „Страшко Арсов”,
- на локација кај Затворениот базен,
- нов крак на ул. „Лесковачка” кон населбата Бабин Дол.
- Крак од ул.„11 октомври“ на влез во градот Бензинска пумпа Макпетрол
- Фекална канализација:
- изградба на главниот фекален колектор кон селата: Табановце, Четирце и Сопот, во должина од 650 м.
- на „Трајко Прокопиев” во населба Перо Чичо,
- нов крак во населба Вера Которка и изведба на приклучоци,
- нова мрежа во Гладно Поле и на „Црнотравска”,
- Долно Којнаре, (поврзување на училиште)
- главна мрежа на „11 Октомври”, (кај кружен тек)
- последна фаза од мрежата на „Јоско Илиевски”,
реконструкција на фекална канализација дел од улиците:
- “Пелинска”, “Осогово”, “Борко Танев”, с.Режановце, “421” во Иго Тричковиќ,
- на два крака од “Никола Тесла”,
- реконструкција на крак од “Огнен Прица”,
- реконструиран крак на “Железничка-Индустриска”,
- “Тонко Димков”, со дренажен систем за одвод на атмосферски води.
Фекална и атмосферска канализација 9746 м.
Реконструкција на:
- ул. „Карадачки одреди” во населба Тоде Мендол
- крак на улиците „Киро Антевски” и „Димитар Влахов”,
- на дел од ул.„1”-Никуљски пат,
- на крак од ул. „Бајрам Шабани”,
- на дел од ул. „11 Октомври”,
- на улици во село Романовце,
- на дел од булеварот „Октомвриска револуција”-крак на улица кон населба Перо Чичо кај Стар отпад,
- на Железнички мост на Врањско џаде,
- се реконструира мостот на улица „Железничка” на раскрсницата со ул. „Индустриска”,
- на постоечки мост на река Кумановка, населба Карпош, (кај стар отпад)
- на паркот во блокот К4 во Месна заедница „Панче Пешев”.
- Реконструкција на регионалните патишта со ЈПДП Куманово-Св.Николе, Старо Нагоричане-Пелинце.
- Реконструкција на регионалниот пат Куманово-село Опае, со средства обезбедени преку Европската банка за обнова и развој.
- На патот од населба Бедиње кон село Лопате, а проектот е во рамки на постапката за реконструкција на регионалниот пат Куманово-Никуштак.
ИНФРАСТРУКТУРА – ПРОЕКТИ
- Изградба на првиот кружен тек, на влезот од градов кај крстосницата на булеварот „Трета МУБ” и улицата „11 Октомври”, каде од предвидените 5000 м2 асфалтирана површина, до овој момент се асфалтирани 2 500 м2.
- Изградено е детско катче и отворено кошаркарско игралиште во рамките на Рекреативниот комплекс Спортска сала.
- Изграден е нов паркинг на булевар “Октомвриска револуција”. (кај Мај маркет)
- Уреден е паркот пред Отворениот и Затворен градски базен.
- Проширен е и обележан паркинг простор на улица “Пелинска”.
- Изграден е паркинг склад за хаварисани возила на локација до Сточен пазар во Долно Којнаре.
- Изградба на мини парк на Градскиот кеј на река Липковка, кај населбата Средорек пред влезот на “Водовод”
- Пуштена е во употреба новата монтажна катна гаража во центарот на градот, со капацитет од 80 места за паркирање.
- По поставувањето на заштитните столбчиња на околните тротоари крак од ул.„11 Октомври”, пуштен е во употреба новиот паркинг со времен режим на локација “Берза”, со над осумдесет места за времено паркирање.
- Реконструиран е Градскиот плоштад со замена на плочки, санација на оштетени столбчиња на тротоарите, решетки на сливниците и скалите на двата Плоштади и Фонтаните Батко Ѓорѓија и 4 бандери, како и на скалите на платото пред 16-катница и ТЦ Сума. Изградба на спомен чешма за кумановските олимпијци на локација кај хотел Кристал.
- Младинската организација “КРЕАТОР” заедно со средношколците од Општина Куманово извршија реконструкција на детското катче во Соколански парк, проект финансиски подржан од Општина Куманово и УНДП.
Сообраќај
- Поставени се нови семафори на булеварот „Октомвриска револуција,“
- Поставени се средства за забавување на стариот пат Куманово – Скопје во селата Љубодраг, Ново село и Умин Дол.
- Обновено е хоризонталното и вертикалното обележување на средствата за забавување во сообраќајот во Куманово:
- првенствено пред училиштата и градинските објекти,
- „Благој Илиев Гуне“,
- „11 Ноември“,
- „Титова Митровачка“,
- „Тоде Думба“,
- „Бајрам Шабани“,
- село Романовце и други локации
Пуштена е во употреба електронската комуникациска опрема за регулирање на сообраќајот на раскрсницата на булевар “Октомвриска револуција” и ул. “Пиринска Македонија”.
Поставени се заштитни столбчиња на булеварот “Октомвриска револуција”.
Потпишан е Договор за јавно-приватно партнерство за осветлување на градов, преку фирмата “ИЦС Системи”-Р.Чешка, која ќе вложи во поставување на ново осветлување и подобрување на мрежата на јавните прометни површини со штедливи лед светилки и рефлектори на 9.340 светлечки места.Проектот е во тек и ќе се заврши до крајот на годината.
ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Продолжува гасификацијата на станбено-деловните објекти во градов, каде што има примарна и секундарна мрежа: по потпишаниот договор за набавка и монтажа на мерно-регулациони станици, од поголемите приклучоци кои се направени е приклучок во ООУ „Бајрам Шабани“ ,три приклучоци на колективни станбени единици, со преку 200 индивидуални станбени објекти во склоп на истиот, а во фаза на приклучок се уште три станбени единици и приклучок на 15 индивидуални станбени единици – куќи. Извршено е проширување на секундарна мрежа за гасификација на делница од ул.„Љупчо Арсов”, приклучена е станбена зграда на булевар „Октомвриска револуција”.
Преку проектот „Одржлив пазар на свежи земјоделски производи на земјоделци од прекуграничната област во општините Куманово и Гњилане“, реконструиран е Зелениот пазар, со средства обезбедени преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија и учество на Министерството за локална самоуправа. Обезбедени се и 20 мобилни штандови за потребите на пазарот и манифестациите во градот, како и тренинг за претприемништво на 100 земјоделци од прекуграничен регион и поставен е нов кров.
Новоотвореното Јавно претпријатие Куманово План за изработка на просторни и урбанистички планови, претставува позитивен исчекор во придонесот за современо просторно и урбанистичко уредување на градов, како пример за суштинско имплементирање на децентрализацијата во овој сегмент.Работат на проекти за реконструкција на објекти во општината.
Општина Куманово, ЈП „Чистота и зеленило” и ЈП „Куманово Паркинг” започнаа со реконструкција на постоечки пристапни патеки на Спомен Костурница, хортикултурно уредување, паркинг простор, спортски терени со партерно уредување, поставување на урбана опрема и осветлување на тој дел од градот.
Поставена е нова комунална опрема, преку менување на дотраени корпи и контејнери за смет,замена на клупи за седење и корпи за отпадоци. ЈП „Чистота и зеленило” постави и контејнери за примарна селекција на отпад и тоа меѓу првите во државата, во кој на 16 локации во градов се поставени три типа на нови контејнери, во кои одвоено се селектира отпад: стакло, хартија и пластика. Започнат е систем за перење на камиони на самата депонија, поставена е џпс опрема за следење на работа на камионите, како и постапка за мерење на целокупниот отпад. Оваа година поставени се 70 контејнери, 150 канти, 100 клупи, засадени околу 4800 садници, спроведени се околу 50 акции за чистење.Набавени се 3 метлачки машини за собирање на смет.
ЈП „Водовод” започна со замена на старите со нови електронски водомери, во системот на водоснабдување во општинава, проект финансиран од ИПА фондовите, кој предвидува замена на 10.000 електронски водомери, обука за вработените, набавка на апарати и инструменти за откривање на подземни дефекти и софтвер за зонирање на водоводниот систем.
Нова опрема за пожарникари во ТППЕ Пожарна Куманово. Набавени се 30 заштитни интервенциски противпожарни противпожарни комплети.
Проекти во образование
- Отварање на нов објект на ЈОУ Детска Градинка “Ангел Шајче”-Детелинка – Пионерски Дом
- ООУ “Вук Караџиќ” доби донација од Јапонската амбасада за комплетна реконструкција на покривот на училишниот објект и замена на прозорци на два ката.
- Извршена е реконструкција во ООУ “Браќа Миладиновци”, во објектот Соколана, со донација од Јапонската амбасада. Извршена е и доградба на простории за Дневен престој за ученици со попреченост, преку средства обезбедени од Министерството за труд и социјална политика.
- Со подршка на општината и МОН, а донација од ЕУКОМ и УСАИД се променија прозорците на ООУ “Христијан Карпош”.
- ООУ “Вера Которка”-с.Клечовце доби донација од Чешката амбасада, со која се изврши изградба на нови санитарни јазли, а беа поставени нови прозорци и фасада.
- ООУ “Јероним Де Рада”-с.Черкези со помош на Општина Куманово изврши замена на прозорците во објектот, постави систем за парно греење, а со поддршка на МОН извршена е реконструкција на кровот на училишниот објект. Реализацијата е извршена со грант средства од ИПА проектот за подобрување на општинските услови, што го спроведува Министерството за финансии. Со поддршка на Светската банка и ЕУ инвестираа и во замена на внатрешните врати и замена на подовите во објектот. Изградена е нова училишна Спортска сала, која е дел од Проектот на Владата на Р.Македонија и Министерството за образование и наука.
- Извршена е реконструкција на училишниот објект на ООУ “Кирил и Методиј”-с.Романовце преку МЦГО- Скопје и “Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието”.
- Изграден е потпорен sид околу ООУ “Кочо Рацин”-Куманово.
- Поставување на фотоволтаични системи на училишните објекти во селата Табановце, Клечовце и Романовце. Благодарност до Европската комисија, Светска банка и Министерството за финансии.
- Завршна фаза од уредување на училишниот двор и бекатонирање во ООУ “Браќа Рибар”-село Костурник.
- Извршени се подготовки за изведба на првата плоча на новата училишна Спортска сала во ОСТУ Наце Буѓони, проект кој се реализира во соработка со МОН.
- ОСТУ “Наце Буѓони” преку МОН И Светската банка работат на формирање на реална компанија за дробење на пластичен отпад.
- Владата на Р.С.Македонија изгради Спортска сала во СОУ “Перо Наков”, а општината постави атмосферска и фекална канализација, водоводна мрежа, пристапна патека и приклучок на електрика.
- Во СОУ Перо Наков се отвори Центар за занаетчиство, како дел од проектот Вмрежување за успех, финансиран од ЕУ, преку Програмата за прекугранична соработка Косово-Македонија, имплементиран од НВО Сојуз-национален совет за родова рамноправност-Македонија и НВО Отворена врата-Косово.
Преку програмата за општествено – корисна работа на Проектот „Локална прегратка”, Општината ангажираше 20 лица, кои ќе работат со лицата со попреченост во Дневните центри и со стари и изнемоштени лица во домашни услови.
Успешно се спроведува и Проектот за субвенционирање на самохрани родители од страна на општинава.
Се одржаа три сесии од Проектниот форум Зајакнување на општинските совети, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а со цел зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
Пуштен е во употреба новоизградениот хируршки клинички центар во Општа болница Куманово, како проект на Владата на Р.С.Македонија, имплементиран преку Министерството за здравство. Отворен е и Центар за упатување на жртви на сексуално насилство, поддржано од страна на Владата на Р.Македонија, Обединетите Нации и Здружението на граѓани ХЕРА.
Во последниве две години во домот за стари лица „Зафир Сајто„ целосно е реконструирана и опремена нова кујна со капацитет над 200 луѓе. Направена е поголема интервенција на кровна конструкција, промена на покривна површина на домот, надградба на систем за соларно греење на вода и реновирање на тоалети. Се уредува дворното место за поприентен престој на корисниците на домот.
Куманово е прогласено за Град на културата за 2019 година од страна на Министерството за култура на Р.С.Македонија. Општина Куманово аплицираше со околу 40 различни настани и манифестации за тековната 2019 година. Во соработка со сите институции на локално ниво, кои спаѓаат во доменот на културата и спортот, најдостоинствено го одбележуваме Јубилејот пет века Куманово со различни активности, тргнувајќи од културни настани од доменот на театарот, музика, концерти, вообичаени за нашиот град. Петвековното постоење на градот годинава се одбележува со дополнителни 26 манифестации надвор од редовната програма, а меѓу нив: балетски претстави, гостувања на Филхармонијата ,Операта, концерти на сериозна, забавна, детска и народна музика, неколкудневен фестивал за млади на отворено, документарни филмови, театарската претстава „Ленче Кумановче“, возобновен е музичкиот Фестивал на шегобијни песни-некогашниот „Тумба фест“. На листата проекти е и преработката на песната „Куманово во срцето“, која ќе ја препеат повеќе локални музички имиња, додека групата „Некст тајм“ ја преработи песната „Јовка Кумановка“.
Куманово е прв град во државава, кој ја доби титулата Град на спортот за 2019 година од Европската асоцијација на градови на спортот (АCES Europe) од Брисел, како престижно признание, кое се темели на досегашните спортски достигнувања, развојот на спортот, категории и возрасти, изградбата на спортски капацитети и спортската култура, кои беа оценувани низ тримесечни анализи на Асоцијацијата.
Започнаа активностите за враќање на сјајот на Соколана. По долгогодишни обиди, спортскиот комплекс е вратен под владение на општината благодарејќи на новиот менаџерски тим во Агенцијата за стопанисување со спортски објекти. Во тек е изготвување на проект за реконструкција на комплексот.