До Денот на градот, Куманово ќе го добие првиот кружен тек

Сподели со своите пријатели

До Денот на градот, односно 11 ноември, се очекува да биде завршен првиот кружен тек кој ќе се наоѓа на влезот на градот Куманово, ова денеска го најави градоначалникот Максим Димитриевски, одговарајќи на прашање од советникот Томица Илиќ.

Loading...

Како што потенцираше Димитриевски, се очекува овој кружен тек да го модернизира влезот на градот и да понуди модерно сообраќајно решение по примерот на сите градови во Македонија и Европа.

Проблемот, сепак вели, е многу сериозен и бара подолго време за реализација, бидејќи на истата локација минуваат главните оптички кабли, главниот водовод и главната електрична инфраструктура за целиот град.

– Се јави времен засстој од 7 дена поради тоа што мораше да се утврди дополнително вештачење на постоечката инфстрауктура дали е потребно истата да се менува или не, за среќа од надлжените се посочи дека може да се продолжи со работа инаку ќе требаше да дојдеме во состојба да го оставиме градот без вода три до четири дена, ја избегнавме таа состојба и од денеска е отпочнато да се работи таму, амбициите се овој проект да го завршиме до Денот на празникот на градот, заклучно 11 ноември и овој проект да биде како еден подарок за граѓаните, рече Димитриевски.

Инаку кружениот тек е прв, но нема да биде и последен во градот. Се разгледува можноста вакво сообраќајно решение да се постави и на други локации, но тоа е скапо и за реализацијата треба време.

– Воедно во рамки на ваквите сообраќајни решенија даодовме проектни задачи на неколку проектантски куќи, првично да ни изготват идејно решение и за останатите улици бидејќи имаме специфична димензија на булевари каде не секаде трпи вакво сообраќајно решение, апелирам до граѓанте за разбирање, истакна градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Инаку кружниот тек ќе добие целосно нова вертикална и хоризонтална сигнализација и ново осветлување, а ќе се уреди и целиот влез на градот кој се поврзува со автопатот.

Leave a Reply