Почна поставувањето на урбана опрема на ново детско игралиште во Куманово

Сподели со своите пријатели

Почна поставувањето на урбаната опрема за детско катче во близина на комплексот „Базени“ во Куманово. Опремата веќе се поставува на ова детско игралиште. Општината одвои над 462.000 денари за набавка на реквизити за постоечките мини детски игралишта, информираше на последната седница на советот, градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Според најавите на одговорните, лулашки и клацкалки ќе бидат поставени на веќе постоечките игралишта, но и на нови локации во поголемите населби во градот.

Освен на оваа локација, реквизити ќе се постават на веќе постоечките игралишта на градскиот кеј, на игралиштата во двата парка „Соколанскиот“ и Стариот градски парк, а нови игралишта ќе има и во населбите „Зелен Рид“, „Иго Тричковиќ“, „Тоде Мендол“, населби со најголем број жители во Куманово.

Граѓаните, пред се родителите, постојано бараа општината да инвестира и да поставува нови реквизити на детските игралишта, бидејќи на постоечките речиси целата опрема е уништена и дотраена.

Leave a Reply