Масакр во Австралија: Тинејџер убил 20 кенгури, жителите затекнале ужасна глетка

Сподели со своите пријатели

Австралиската полиција уапси 19-годишно момче зошто брутално убило дури 20 кенгури прегазувајќи ги со својот автомобил.

Loading...

Мртвите животни, вклучувајќи и младенчиња од кенгури, пронајдени се во неделата раштркани по приградските улици во еден град јужно од Сиднеј.

Полицијата соопшти дека засега се сомневаат дека овој масакр на недолжни животни е направен во рок од еден час претходната ноќ.

Тинејџерот убиец во вторникот е обвинет за убивање и суровост кон животни.

Според тамошните закони, секој кој е осуден за суровост кон животните се соочува со затворска казна до пет години, но и со парична во износ од 15.000 американски долари.

Инаку, жителите на Тура Бич, каде се случил овој масакр, ова го опишаа како трагедија. Некои од нив се рабудиле и ги затекнале убиените и крвави животни во своите тревници.

„Ова е вистински масакр без трошка чувство“, рекла една од нив.

Три млади кенгури се спасени од стомаците на мртвите мајки и однесени во Институтот за заштита на дивиот свет.

Loading...

Leave a Reply