90 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Сподели со своите пријатели

Вкупно 90 казни денеска напишала полицијата за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје – Велес.

Loading...

– Денеска (08.09.2022) во периодот од 09.00 до 16.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 90 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на МВР.

Никола Ивановски