88-годишник дивеел на патот: Летел 191 км на час, рекол дека брза да ја прими вакцината

Сподели со своите пријатели

Француската полиција запрела 88-годишен старец кој возел 191 километар на час по локален пат во Долна Рајна, а кој по тој повод им рекол дека брза да ја прими вакцината против коронавирус, соопштила полицијата од тој регион.

Loading...

 

 

На патот каде што бил запрен дедото, дозволената брзина била 110 километри на час, а полицијата му ја одзела возачката дозвола на старецот и го запленила возилото, пренесува порталот Локал Франс.

Вакцини против коронавирус во моментов може да се даваат на лица над 75 години и лица со сериозни здравствени проблеми.

Leave a Reply