84 возачи казнети викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Викеднов во Куманово биле изречени казни на вкуно 84 возачи, најголем дел за брзо возење.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 84 возачи, информираат денеска од кумановската полиција.

Најголем дел од казните или 62 биле изречени поради управување возило со брзина поголема од пропишаната и 22 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли, како што потенцираат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски