800.000 денари за заловување кучиња скитници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Екипите на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ ќе ги заловуваат кучињата скитници во Куманово, информираат од секторот за инспекциски надзор од Општина Куманово. Ова претпријатие го има освоено тендерот вреден 800.000 денари.

Loading...

Во почетокот акцијата ќе се одвива во централното градско подрачје, а понатаму ќе се шири и кон населбите од периферијата на градот.

Заловените кучиња скитници ќе бидат носени во прифатилиште лоцирано во селото Четирце, со исполени законски стандарди. Кучињата ќе се луваат триесет дена со ветеринарен третман а подоцна ќе бидат вратени на локацијата каде што биле заловени, додаваат од Општина Куманово.