7 правила на Јапонците поради кои нивните деца растат во одговорни и зрели луѓе!

Сподели со своите пријатели

Според истражувањата, децата во Јапонија се најздрави во светот, а јапонските методи на воспитување деца покажале одлични резултати.

Loading...

Здраво дете значи и среќно дете, па можеби не е лоша идеја да позајмите идеи од Јапонците во однос на воспитувањето и образованието на децата, пишува Луфтика.

Го пофалуваат трудот, а не знаењето и способноста

Во Јапонија, детето добива пофалби од своите родители кога вложува сериозен напор за нешто, а не затоа што знае или умее нешто.

И ова охрабрување и пофалба за истрајноста, дури и ако детето се мачи и не постигне совршен резултат, го тера да работи уште понапорно и поупорно за да ја постигне целта, пишува Green Classroom.

Пробајте го следниот пат кога вашето дете ќе ја пишува домашната задача.

 

Loading...

 

Тие ги учат децата на почит

Има многу мала шанса да видите дете во Јапонија како се тркала низ супермаркет. Од рана возраст, речиси од раѓање, големо внимание се посветува на учењето на децата да ги почитуваат постарите и да размислуваат како нивното однесување влијае на другите луѓе.

Ова се постигнува првенствено со моделско учење. Тие треба да видат родители кои ги почитуваат другите луѓе за да покажат почит кон себе.

Прошетка до училиште

Во Јапонија не е невообичаено да се видат деца на возраст од шест или седум години како одат до училиште – сами. Повеќе од 98 отсто од јапонските деца одат на училиште пеш, вели СЗО.

Никогаш не им викаат на децата

Во Јапонија, дисциплината се нарекува „шицуке“. Најсуров превод на овој збор би бил воспитување, развој. Оваа работа им е доверена главно на мајките, а многу ретко ќе ги слушнете како им викаат на децата.

Loading...

Наместо тоа, тие мирно ќе му кажат на детето да размисли за последиците од она што го прави. Што може да биде добар совет за родителство за следниот пат кога детето ќе одбие вечера или ќе украде играчка од помал брат.

 

 

Тие се многу блиски со децата

Јапонците практикуваат таканаречено поврзувачко родителство, но не сакаат јавно да покажуваат нежност кон децата.

Мајките буквално одат секаде со своите бебиња, носејќи ги во носилки, дури и кога возат велосипед. На тој начин тие покажуваат љубов кон децата наместо прегратки и бакнежи. Тие обично спијат со своите деца долго по претшколските денови.

Подготовката на оброците е ужасно важна за јапонските мајки

Loading...

За разлика од повеќето модерни мајки ширум светот, јапонските мајки се ужасно посветени на подготвување здрави оброци за своите деца.

Многу им е важно децата да не јадат индустриска храна на училиште, па затоа не им е проблем да стануваат многу порано од сите други за децата да подготват здрав ручек.

Тие одат дотаму што дури и ги планираат оброците за да изгледаат убаво и колоритно, па се грижат комбинацијата на бои во кутијата за ручек да биде примамлива за детето да јаде сè.

Тие ги учат децата да бидат независни

Јапонците уште од мали ги учат децата да бидат независни и самоуверени. Затоа јапонските родители очекуваат нивните деца да им помагаат во куќата уште од мали нозе. А, веројатно веќе сте слушнале дека од нив секогаш се очекува да останат на училиште и да не оставаат хаос.

Ако можат Јапонците, зошто да не можеме и ние?

Loading...