60-годишен кумановец ја нападнал сосетката

Сподели со своите пријатели

Шеесетгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека со тврд предмет ја нападнал својата сосетка.

Loading...

– На 09.08.2023 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(60) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека со тврд предмет ја нападнал неговата сосетка М.П.(54) од Куманово.

С.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски