6-годишно дете од кумановско повредено откако во него удри автомобил

Сподели со своите пријатели

Шестгодишно дете од кумановското село Клицко е тешко повредено откако во него удрил автомобил на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Loading...

– На 30.07.2020 околу 10.20 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „хјундаи аксент“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од с.Петровец, удрило во 6-годишен пешак од с.Колицко, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply