56 лица го прекршиле полицискиот час изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (15/16.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 56 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Loading...

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Никола Ивановски

Leave a Reply