50 тони радиоактивен материјал има во нуклеарната централа Запорожје

Сподели со своите пријатели

Количината на радиоактивен материјал во сувите буриња на нуклеарната централа Запорожје е 50 тони, изјави советникот на генералниот директор на Rosenergoatom, Ренат Карча.

Loading...

– Имајте на ум, има 50 тони радиоактивен материјал – рече тој на руската телевизија.

Напад на магацин со суви буриња би предизвикал природно зрачење, посочи Карча и додаде дека тоа ќе биде силно зрачење.

Електраната во Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа и е под контрола на Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.