50 кумановци добија грант за основање свој бизнис

Сподели со своите пријатели

Педесет лица денеска потпишаа договор со Центарот за вработување во Куманово, за основање сопствен бизнис, во рамки на мерката самовработување. Тие ќе добијат грант од 5.000 односно 10.000 евра доколку две невработени лица имаат заедничка бизнис идеа и основаат друштво со ограничена одговорност.

Loading...

Во  Центарот за вработување во Куманово, 50-ина лица кои успешно ги поминаа сите фази на мерката самовработување, денеска потпишаа договори со надлежните и ќе започнат со сопствен бизнис преку оваа мерка од оперативниот план за вработување на Владата.

Со мерката е предвидено да им се додели грант за набавка на опрема и репроматеријали во износ од 5.000, односно 10.000 евра, доколку две невработени лица основаат друштво со ограничена одговорност. Од агенцијата потенцираат дека годинава се застапени речиси сите дејност,  прехранбена индустрија, текстилната, чевларската, услужната дејност, адвокатски канцеларии, приватни здравствени ординации, сметководствени услуги.

-Програмата за самовработување и оваа година е една од поатрактивните мерки од оперативниот план, апликација за интерес за учество во оваа мерка пројавија 116 лица денеска со дел од нив се потпишаа договорите а поради големиот интерес обезбедени се и дополнителни средства во буџетот на агенцијата на државата, со ребалансот и се очекува уште 27 лица да се потпишат договори во најкраток можен рок.  Исто така во буџетот на агенцијата се обезбедени средства преку Швајцарската агенција за обнова и раз2вој за уште 10 невработени лица, е обезбеден грант за набавка на опрема и репроматеријали, и тие својот проблем на невработување да го решат преку оваа мерка-истакна раководителката на Центарот за вработување, Марија Димитријевска.

Од агенцијата истакнаа дека оваа година очекуваат на ниво на општината да се регистираат околу 85 нови бизниси.

-Како услов за да аплицираат потребно е да имаат добра бизнис идеа и претприемачки способности. Услов кој што треба тие да го исполнат понатаму имаат обврска нивната фирма во период од 2 години да биде активна, успешно да работат, да ги исплаќаат сите обврски по основ на плати и даноци, кои се предвидени со законот, тоа е обврската доколку не успеат да ги исполнат овие услови, доколку не имаат обврски кои се дефинирани во самиот договор кој денеска ќе го потпишат. Во првата година се враќаат 80 проценти од грантот кој им е обезбеден а втората година доколку тогаш им престане работниот однос се враќаат 60 проценти од грантот кој им е доделен-посочи раководителката.

Loading...

Центарот за вработување мерката самовработување ја спроведува во партнерство со УНДП.

Leave a Reply