5 трикови со кои ќе изгледате послабо

Сподели со своите пријатели

Комбинирајте потемни и потесни панталони со светли кошули ои не ја преминуваат должината на колковите, па така визуелно ќе изгледате повитки.

Loading...

Не е точно дека само жените се грижат за изгледот и стилот. Современите мажи вежбаат и го негуваат физичкиот изглед, а кога не им успева за одредено време да го симнат вишоот килогрмаи, прибегнуваат кон трикови со гареробата.

Еве неколку совети како со изборот на боја, крој и должина на гардеробата визуелно да изгледате подобро.

Една боја, повеќе нијанси

Носејќи една боја на гардеробата, но во различни нијанси, се креира илузија за висината. Потемните бои се попаметен избор, но не носете само црно, затоа што дака одавате впечаток дек асте пониски, пишува „Менс хелт“.

Ефектот на издолжена фигура го добивата ако изберете панталони со потемни тонови, а кошули или маици со посветли бои.

Никако плитки панталони

Носењето спуштени панталони, според мислењето на стилистите, е голема модна греша, затоа што визуелно ја скратуваат фигурата.

Loading...

Носете панталони кои не се плитки, туку досегаат до природната височина на вашиот струк, па така нозете ќе ви изгледаат подолги, како и целата фигура.

Гледајте да носите потесни панталони затоа што потесниот крој е проверен начин да изгледате повисоко.

Блејзер за половина и раменици

Иако е лето, добро скроен ленен блејзер ќе направи да излгедате поинакво. Во него ќе имате пошироки раменици, дури и ако ги немате, што одвраќа поглед од критичниот долен дел, а ќе го прекире и делот околу стомакот.

Испод сакото носете маица и труде се, ако не можете да го закопчате барем скутовите држете ги покрај телото, затоа што така и струкот и силуетата ќе изгледаат потесни, а вие позгодно.

Ако горното копче на сакото е над папокот, торзото и рацете ќе ви изгледаат подолги.

Не носете кратки ракави

Кратките ракави ја скратуваат фигурата, па одлучете се за кошула со долги ракави, кои ќе ги завратите до испод лактот.

Loading...

Кошула до колкови

Доколку сте ниски и носите кошула, би требало да ја врзете затоа то така визуелно ќе ја продолжите фигурата, но ако едностано не сакате да ја носите така, нека не прелажува должината на колковите.

Leave a Reply