5 намирници кои го опуштаат организмот и го отстрануваат стресот

Сподели со своите пријатели

Измеѓу работата која ја обавувате во канцеларија, за семејството или за вас самите, дали некогаш се стопирате и се прашувате каков стил на живот водите?

Нередовниот распоред на спиење, исхрана и сите други работи кои ги правите во текот на неделата доведуваат до зголемување на нивото на стрес.

Loading...

Можете да го отстраните и јадејќи определени продукти, кои ќе ви помогнат да се опуштите.

  1. Чоколадо

Не постои ништо толку вкусно, а смирувачки, како чоколадото. Самата помисла на чоколадата, омилената книга и удобното катче во домот се доволни да ви го намалат нивото на стрес.

Неодамнешно истражување докажало дека секојдневното консумирање црно чоколадо во перидо од две недели ги намалува хормоните на стрес. Чоколадото потикнува ослободување на серотонин кој е природен антидепресив.

  1. Кашкавал

Кашкавалот е една од намирниците која може да се комбинира со било кое јадење за да го направи оброкот побогат и повкусен. Иако е познат по тоа што содржи многу масти, исто така е добар за ослободување од стресот.

  1. Боровинки

Иако мали, боровинките се совршена комбинација на витамин Ц и антиоксиданси кои помагаат во балансирање на стресот. Антиоксидансите во боровонките исто така ги штитат клетките од рак и срцеви заболувања. Можете да ги јадете во било која форма, како компот, сок или свежи.

  1. Бадеми

Бадемите се богати со витамин Б2, витамин Е, цинк и магнезиум. Тие содржат серотонин кој помага во балансирањето на расположението и стресот.

Цинкот се покажал како добар во борбата против негативните ефекти на стресот, а витамонот Е е антиоксиданс кој го подобрува имунитетот. Бадемите го намалуваат крвниот притисок и на тој начин стресот подолго е под контрола.

  1. Риба

Омега-3 масните киселини во рибата помагаат адреналинот и нивото на стрес да се држат под контрола.

Loading...

Лососот и туната можад да спречат раст на хормоните на стресот, а исто така штитат и од срцеви заболувања, промена на расположението и депресија. Суши исто така е добар за ослободување од стресот.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *