5 начини да им ја кренете самодовербата на децата

Сподели со своите пријатели

Самодовербата им помага на децата полесно да се справат со сите училишни активности, но и создава важни пријателства со нивните врсници.

Loading...

Со доаѓањето на раната адолесценција, со високо ниво на самодоверба, децата полесно ги решаваат проблемите, создаваат поцврсти односи со другите, умеат да се спротивстават на лошите тенденции на нивната околина и да размислуваат сами.

Самоуверените деца прераснуваат во амбициозни луѓе, кои се подготвени за сите предизвици што ги очекуваат во светот надвор од домот на нивните родители.

 

 

Поради сите овие причини, важно е рано да започнете да работите на подигање на самодовербата на вашето дете.

Во следните редови ќе ви откриеме 5 корисни методи кои ќе ви помогнат од вашето дете да направите самоуверена личност.

Loading...

Бидете добар пример

Децата ги имитираат своите родители, па затоа е важно со вашиот пример да им покажете како да се однесуваат.

Бидете сигурни во комуникацијата со другите луѓе, не се кријте од обврските и новите предизвици и покажете издржливост и мотивација кога работите не одат како што сакате.

Вашите деца ќе ги интернализираат овие доблести со набљудување и големи се шансите тие да бидат самоуверени како и вие.

 

 

Работете константно на подигање на самодовербата на вашето дете

Loading...

Пофалете го кога заслужило, а кога не, погрижете се тотално да не му го скршите духот со вашите приговори.

Помогнете му да ги надмине проблемите и да научи од неговите неуспеси. Дајте му до знаење дека е вредна личност и дека нема причина да се чувствува несигурно пред другите.

Прилагодете се на темпераментот на вашето дете

Сите луѓе се различни, вклучувајќи ги и децата. Некои методи за подигање на самодовербата се ефективни кај некои деца, додека кај други се бескорисни.

Поради оваа причина, особено е важно да се приспособите на темпераментот на вашето дете и да не бидете, на пример, премногу строги ако е чувствително или премногу млак ако лесно се справува со критиките.

 

 

Loading...

Обрнете внимание на вашата комуникација

Никогаш не му кажувајте на детето да се однесува како бебе, да биде пречувствително и конечно да се вразуми.

Тоа се негативни пораки кои оставаат лузни и луѓето се свесни дури и кога ќе пораснат.

Ги срамат децата и не им помагаат да се доживеат на вистински начин и гордо да чекорат низ животот.

Дајте им до знаење на децата дека она што го мислат за себе е поважно од она што другите го мислат за нив

На тој начин ќе научат да бидат независни и горди на своите достигнувања, без разлика дали добиле пофалби од другите или не.

Loading...