Денеска се одржа 5 – тата еколошка акција “Генералка викенд” под мотото „Да се извалкаме и да исчистиме“, во соработка со организацијата “Man and mountain LLC” – Австрија и општина Куманово, со поддршка на ЈП “Чистота и зеленило”. Акцијата е поддржана од Министерствата за животна средина и за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од ЈП „Национални шуми“.
Овогодинешната „Генералка викенд“ ќе се одржи во сите Општини во државата, со учество на над 20.000 волонтери. Во Куманово акцијата се спроведе на локација затворен градски базен, спортска сала и кон објектот на Детската градинка „Ангел Шајче“.
За почиста животна средина свој придонес дадоа општински основни и средни училишта, институции, граѓански здруженија и невладини организации.
Целта на оваа еколошка акција е подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од собирање и рециклирање на отпад, со цел подобрување на условите за зачувување на животната околина.
Од името на општина Куманово присуствуваше претседателката на Совет Ивана Ѓорѓиевска, која инсистираше на зголемен интерес од страна на бројни совесни граѓани, како позитивен пример дека само со заеднички сили и заложби можеме да имаме здрава животна средина.