47-годишен маж загина во сообраќајка кај „Стоби“

Сподели со своите пријатели

На 09.07.2017 година, околу 19,00 часот, на регионалниот пат Градско-Неготино, кај локалитетот „Стоби“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „КИА“, управувано од С.П.(47) од с.Црвени Брегови-Неготино, излетало од коловозот и се превртело. Во незгодата С.П. починал на самото место, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.